Промени тема
Контакт

Родителите на жртвите од „Пулс“ револтирани ја напуштија судницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF
YouTube/Print Screen

Со силни емоции и незадоволство од текот на судската постапка, родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска демонстративно ја напуштија судницата во Казнено-поправната установа „Идризово“.

Причина за нивниот револт беше барањето на одбраната за изземање на јавната обвинителка Наташа Сарамандова, потег што семејствата го оценија како дополнително одолговлекување на постапката.

Според родителите, ваквите барања го оддалечуваат судскиот процес од суштинските прашања поврзани со утврдувањето на одговорноста за трагедијата, во која животот го загубија десетици млади луѓе.

Александар Наунов, татко на Надица Наунова, која загина во пожарот, изјави дека се создава впечаток оти вниманието, наместо кон доказите и нивната содржина, се пренасочува кон процедурални прашања.

— реклама —

„Единствено што бараме е доказите да се изведат до крај и одговорноста да не се изгуби меѓу процедурите“, порача Наунов.

— реклама —

Незадоволство изразија и други родители на загинатите. Јулија Златкова, мајка на Томас Златков, истакна дека обвинителката Наташа Сарамандова и обвинителот Дарко се нивната надеж дека вистината за трагедијата ќе биде целосно расветлена.

Таа оцени дека евентуалното изземање на Сарамандова би можело да ја наруши довербата на семејствата во процесот и изрази уверување дека државниот јавен обвинител Ненад Савески нема да го прифати барањето.

— реклама —

На денешното рочиште адвокатите на обвинетите побараа изземање на обвинителката Сарамандова, тврдејќи дека при презентирањето на доказите постапувала пристрасно и изоставувала делови што, според нив, се од суштинско значење за одбраната.

За ова барање треба да одлучи државниот јавен обвинител Ненад Савески, додека рочиштето продолжи со изведување материјални докази од страна на друг јавен обвинител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведок на судењето против полициските службеници за „Пулс“: Побарал помош, но полицаецот рекол дека тоа не е негова работа

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library02ltkt8nipoq7bAli2Y

Судењето против 13-те полицајци поврзани со пожарот во „Пулс“ почна од почеток

Македонија | пред 18 часа

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

Македонија | пред 19 часа

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко не ја давал лиценцата на увид, а улицата пред дискотеката била блокирана од паркирани возила, сведочеше инспекторка на судењето за „Пулс“

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања