Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рокас: Македонија бележи напредок во дигитализацијата, образованието и владеењето на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Македонија
media-library5said7bdr2qfepKDNXd

Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото, изјави амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот за напредокот на земјата за 2026 година.

— реклама —

Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се забележуваат резултати од преземените чекори. Сепак, нагласи дека напредокот треба да се оценува во рамките на годишниот циклус и дека, и покрај достигнатото ниво на подготвеност, се очекуваат дополнителни резултати.

— реклама —

Осврнувајќи се на слободата на медиумите, тој истакна дека правната рамка во оваа област се преиспитува со цел усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија.

— реклама —

Меѓу прашањата што треба да бидат опфатени ги посочи транспарентноста на сопственоста на медиумите, државното рекламирање, конкурентноста, државната помош и правата од интелектуална сопственост.

— реклама —

Рокас оцени дека медиумската сфера заслужува целосно внимание и дека Европската Унија внимателно ги следи случувањата. Тој додаде дека Унијата е подготвена да понуди стручна помош и совети за законските измени што треба да придонесат за зајакнување на медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysro069fv1uc74xrMfOW

(Видео) Македонија останува меѓу најподготвените земји кандидатки за членство во ЕУ, тврди Рокас

Македонија | пред 35 минути

— реклама —
lorenco

Криминалните предмети застаруваат, корупцијата останува сериозен проблем – Европската комисија со критики за Македонија

Македонија | пред 1 ден

Marta-Kos

Напредокот на Македонија кон ЕУ зависи од уставните измени, порача еврокомесарката Марта Кос

Македонија | пред 1 ден

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања