Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Рокас повикува на политичко обединување: Македонија е поблиску од кога било до членство во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0nnv33a973sa5qKTTWD

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, повика на поголемо политичко обединување во Северна Македонија со цел земјата да ги заврши потребните чекори за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

— реклама —

На конференција по повод 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од Договорот за стабилизација и асоцијација, Рокас истакна дека Европската Унија останува најважен економски и политички партнер на земјата, обезбедувајќи поддршка преку инвестиции, програми и фондови.

— реклама —

Тој нагласи дека предизвиците со кои се соочува државата не се само технички, туку и политички и бараат поголема решителност и меѓупартиска соработка.

— реклама —

Од друга страна, заменик-премиерот за европски прашања, Беким Сали, порача дека европската интеграција останува стратешки приоритет, додавајќи дека реформите веќе даваат резултати во области како владеење на правото и економијата. Тој истакна дека амбицијата на земјата е полноправно членство во ЕУ и дека државата припаѓа на европското семејство.

— реклама —

Рокас оцени дека, иако имало разочарувања низ годините, земјата е поблиску до ЕУ отколку што изгледа, но недостасуваат прагматизам, решителност и политичко обединување за да се донесат клучните одлуки за следните чекори во процесот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0nnv33a973sa5qKTTWD

Рокас шокиран од струшката депонија: Итно е потребно решение

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања