Промени тема
Контакт

Рубио: Стариот свет во кој растев повеќе не постои

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека на Минхенската безбедносна конференција, која започнува денес, ќе испрати порака до Европа дека стариот свет повеќе не постои.

„Сметам дека ова е пресуден момент. Стариот свет во кој растев повеќе не постои. Живееме во нова ера на геополитиката која ќе бара повторна процена како ќе изгледа и каква ќе биде нашата улога“, изјави државниот секретар на САД.

Според неговото мислење, учесниците на конференцијата сакаат искрен одговор од САД за тоа каде се движат и какви односи сакаат со своите сојузници.

— реклама —

Минхенската безбедносна конференција започнува денес и ќе трае до 15 февруари. На минатогодишниот собир, потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс истакна дека најголемата закана за Европа не е Русија или Кина, туку повлекувањето од фундаменталните вредности што ги дели со САД.

— реклама —

Говорот на Рубио е закажан за сабота. Се очекува повеќе од 1.000 учесници од над 115 земји, меѓу кои 60 шефови на држави и влади, 100 министри за надворешни работи и претставници на големи меѓународни организации, вклучувајќи ги шефовите на ЕУ, НАТО, ASEAN, ОБСЕ, Светската банка, Светската трговска организација и повеќе агенции на ОН.

На конференцијата се очекуваат, меѓу другите, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Џи, данската премиерка Мете Фредриксен и германскиот канцелар Фридрих Мерк.

— реклама —

Минхенската безбедносна конференција со години претставува една од клучните платформи за размена на ставови за глобална безбедност, а оваа година се одржува во сенка на видливи пукнатини во трансатлантските односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио му се закани на Меѓународниот кривичен суд, обвинителот возврати: Не разбира како функционира судот

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Иран никогаш досега не се соочил со претседател како Трамп

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио оди на Блискиот Исток, ќе се обиде да ги убеди сојузниците дека договорот со Иран е добар

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања