Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија го забрани извозот на авионско гориво до крајот на ноември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarye00ogmjt1f392he6MPf
unsplash

Русија воведе привремена забрана за извоз на авионско гориво до 30 ноември со цел да обезбеди доволни резерви и стабилност на домашниот пазар, соопшти руската влада.

— реклама —

Според одлуката, забраната се однесува и на авионското гориво купено преку стоковни берзи, а мерката ќе остане во сила до крајот на ноември.

— реклама —

„Целта е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива“, наведуваат руските власти.

Сепак, предвидени се и одредени исклучоци. Забраната нема да важи за пратки што веќе биле во царинска постапка пред стапувањето на мерката во сила, како и за испораки што се реализираат врз основа на меѓудржавни договори.

— реклама —

Ова не е прв ваков потег на Москва. Во април годинава руската влада го забрани и извозот на бензин од домашните производители до крајот на јули, со образложение дека е потребна стабилизација на домашниот пазар во период на зголемена сезонска побарувачка и земјоделски активности.

— реклама —

Од Кремљ посочуваат дека продолжуваат со мерки за обезбедување сигурно и непречено снабдување на домашниот пазар со горива, особено во услови на нестабилност на светските енергетски пазари и геополитички тензии на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 16 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 18 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања