Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Русија и Иран одржаа консултации во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarye6hgr1vdr62v2HCTTSh
wikimedia commons

Русија и Иран ја потврдија подготвеноста за натамошно проширување на соработката во рамките на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство што двете земји го потпишаа претходно, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

Според Москва, за време на разговорите двете страни размениле мислења за состојбата на Јужниот Кавказ, во Средна Азија и околу војната во Украина, но не беа објавени дополнителни детали за содржината на средбата.

— реклама —

Консултациите се одржаа кратко по новата ескалација на Блискиот Исток, каде што тензиите повторно се зголемија по воените судири во кои беа вклучени Иран, САД и Израел.

Русија и за време на конфликтот ги задржува блиските односи со Иран, но истовремено се обидува да се наметне како можен посредник, повикувајќи ги сите страни на воздржаност.

— реклама —

Во меѓувреме, руската дипломатија ја засилува својата активност и на други фронтови. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четврток во Манила треба да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио.

— реклама —

Лавров потврди дека средбата е договорена, а се очекува разговорите да бидат посветени на војната во Украина, пошироките прашања на меѓународната безбедност, како и на односите меѓу САД и Русија. Според американските медиуми, една од темите ќе биде и безбедноста во Ормускиот Теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 17 часа

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања