Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија обвинува: Украински дрон ја погодил нуклеарната централа Запорожје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library960tfhs83d8r1d55oWj

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ соопшти дека украински дрон ја погодил нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа под руска контрола и важи за најголемата нуклеарна електрана во Европа.

— реклама —

Според соопштението, дронот удрил во ѕидот на машинската сала на шестиот енергетски блок, по што дошло до експлозија. Притоа била направена дупка во ѕидот, но не е предизвикана штета на клучната опрема на централата.

— реклама —

Првиот човек на „Росатом“, Алексеј Лихачов, изјави дека станува збор за намерен напад и предупреди дека ваквите инциденти го зголемуваат ризикот од сериозни последици.

— реклама —

„Еден чекор сме поблиску до инцидент што би можел да влијае и врз луѓе кои живеат далеку надвор од границите на Русија и Украина“, порача Лихачов.

— реклама —

Нуклеарната централа Запорожје беше заземена од руските сили во март 2022 година и се наоѓа во близина на линијата на фронтот во југоисточниот дел на Украина. Од почетокот на војната, објектот повеќепати беше предмет на меѓусебни обвинувања меѓу Москва и Киев за гранатирање и напади, што постојано предизвикува загриженост за можен нуклеарен инцидент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 5 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 14 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања