Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија распиша меѓународна потерница по основачот на Телеграм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0macachlreevcFQIboH

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) покрена обвинение против основачот на Телеграм, Павел Дуров, и распиша меѓународна потерница по него. Според руските власти, тој се товари за овозможување терористички активности преку платформата, пренесува Ројтерс.

— реклама —

ФСБ тврди дека од почетокот на војната во Украина преку Телеграм биле извршени повеќе од 153.000 кривични дела, од кои околу 33.000 биле поврзани со тероризам, екстремизам и саботажи. Според руските медиуми, безбедносните служби спречиле 475 наводно планирани терористички напади, меѓу кои и десетици напади врз училишта.

— реклама —

Руските власти исто така тврдат дека преку Телеграм бил координиран нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во март 2024 година, како и дека преку апликацијата биле собирани информации за руски воени функционери и нивните семејства.

Москва наведува дека регулаторот Роскомнадзор испратил повеќе од 150.000 барања за отстранување на незаконска содржина, но, според нив, компанијата не постапила по тие барања.

— реклама —

Во меѓувреме, Кремљ продолжува да го промовира државниот месинџер MAX како алтернатива на Телеграм и WhatsApp. Павел Дуров претходно ги обвини руските власти дека го ограничуваат пристапот до Телеграм со цел корисниците да ги пренасочат кон новата државна апликација.

— реклама —

И покрај тоа, Телеграм и понатаму останува една од главните комуникациски платформи што ја користат и руските и украинските војници на фронтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 15 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 17 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања