Промени тема
Контакт

Русија синоќа со беспилотни летала го нападна Киев, 14 се повредени во напад на регионот Суми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
rusija

Во текот на ноќта руските сили го нападнаа Киев со беспилотни летала од различни правци, а противвоздушната одбрана го одби нападот, кој помина без жртви, изјави денеска шефот на градската воена управа Серхиј Попко.

„Седми воздушен напад на руските окупатори на Киев во септември. Непријателот повторно употреби нападни беспилотни летала, првично од типот „Шахед“... Во Киев тревогата за воздушен напад на главниот град беше објавена три пати и траеше околу вкупно 2 часа“, напиша тој на својот канал Телеграм.

— реклама —

Според него, руските сили ги лансирале првите групи дронови пред полноќ, но во текот на ноќта се повеќе беспилотни летала биле лансирани во украинскиот воздушен простор.

„Исто така, руски нападни беспилотни летала навлегоа во Киев неколку пати, од различни правци, главно еден по еден“, рече Попко. Тој истакна дека силите и средствата на противвоздушната одбрана ги уништиле сите цели на приодите кон главниот град. Според оперативниот извештај, во Киев нема жртви или материјална штета.

— реклама —

Исто така, како што јави Укринформ, 14 лица се повредени во синоќешниот масовен напад на руската армија врз Конотоп во регионот Суми со беспилотни летала „Шахед“, соопшти денеска регионалната воена управа.

— реклама —

„Ноќта на 12 септември, непријателот изврши масовен воздушен напад врз енергетските и цивилните инфраструктурни објекти на општина Конотоп. Русите користеле беспилотни летала од типот Шахед, насочувајќи ги кон станбени згради, образовни и медицински установи“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 6 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 16 часа

media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања