Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Русија со предупредување до Европа: Фабриките за оружје за Украина може да бидат воени цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Фабриките во Европа кои произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, предупреди во средата портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

— реклама —

Захарова на прес-конференција изјави дека европските земји се директно вклучени во конфликтот преку воената поддршка за Украина и оцени дека ваквите активности го одложуваат завршувањето на војната.

Нејзината изјава следуваше како одговор на прашање за подготвеноста на Полска на своја територија да изгради фабрика за производство на пресретнувачки ракети за системот „Патриот“, наменети за Украина.

— реклама —

„Фабриките за оружје во европските земји кои произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија и не треба да се мисли дека воените фабрики надвор од територијата на Украина кои произведуваат оружје за режимот во Киев ќе бидат безбедни. Секој што мисли така – се лаже“, рече Захарова.

— реклама —

Таа додаде дека европските земји не обезбедуваат само помош за Украина, туку, преку отворањето фабрики за оружје и заеднички вложувања, според неа, стануваат целосно вклучени во конфликтот.

„Европските земји се директно вклучени во украинскиот конфликт. Тие не обезбедуваат само помош. Со отворањето фабрики за оружје и заеднички вложувања, тие се целосно вклучени. А тоа само го одложува решавањето на конфликтот“, изјави Захарова.

НАТО и повеќе европски земји, пак, соопштија дека ќе продолжат со поддршката за Украина и со помошта за спротивставување на руските сили и за соборување на руски беспилотни летала и проектили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 17 часа

— реклама —
kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 1 ден

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин не остава простор за преговори: Безбедносната зона долга 660 километри во Украина не е предмет на договор

Свет | пред 3 дена

media-libraryl51t1k82f938bhIcmD7

Украински дронови уништија половина од најголемите центри за податоци на рускиот „Гугл“, „Јандекс“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања