Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија со закон им ги одзема домовите на избеганите и убиените Украинци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
putin-52135

Со нова уредба донесена овој месец, рускиот претседател Владимир Путин практично ја легализира конфискацијата на имот на окупираните украински територии, овозможувајќи им на окупациските власти да одземаат станови и куќи што се прогласуваат за „без сопственик“. Во реалноста, станува збор за имот на луѓе кои избегале од војната или биле убиени за време на руската инвазија врз Украина.

— реклама —

Според уредбата, сопственоста може да се докаже само лично и исклучиво со руски документи, односно со руски пасош, што за голем дел од Украинците е невозможно или опасно. На тој начин, илјадници луѓе остануваат без можност да го заштитат својот имот, додека нивните домови се прогласуваат за „без сопственост“ и се одземаат.

Жителката на Мариупол, Ана Шевченко, за украинските медиуми изјавила дека е очајна бидејќи Русите ѝ го одземаат станот во кој ги чува сите спомени од детството. Таа вели дека не може да се врати, бидејќи би морала да земе руски пасош, а стравува и за сопствената безбедност поради нејзините проукраински ставови.

— реклама —

Експертите наведуваат дека уредбата е само формално заокружување на процес што трае од самиот почеток на окупацијата. Според податоци од Мариупол, досега се одземени околу 5.000 станови, а бројката расте од 100 до 200 неделно. Во окупираните делови на Донецк, Луганск и Херсонската област, десетици илјади недвижности веќе се прогласени за „без сопственик“.

— реклама —

Запленетиот имот, според прописите, може да им се додели на лица кои наводно ги загубиле своите домови, но и на руски државни службеници, припадници на безбедносните сили и администрацијата, како и на нови доселеници од Русија. Украински организации предупредуваат дека ваквата практика претставува дел од поширока политика на заменување на украинското население со руско, со цел трајна промена на демографската и политичката структура на окупираните подрачја.

Многу Украинци се соочуваат со речиси невозможен избор: да останат под окупација за да го сочуваат домот или да заминат и ризикуваат да останат без сè. Новата уредба, според хуманитарните организации, дополнително ја продлабочува траумата на луѓето кои веќе ги изгубиле своите блиски и својата сигурност, претворајќи ја кражбата на имот во формално „законска“ практика.

— реклама —

Како што предупредуваат активистите, Русија не само што секојдневно им ги одзема домовите на Украинците на окупираните територии, туку со ваквите уредби своите злосторства ги претвора во државна политика и ги прогласува за закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 16 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања