Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Русија стопира транзит на живинско месо од ЕУ поради фалсификувани ветеринарни сертификати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
meso

Русија воведе забрана за транзит на живинско месо и нуспроизводи од Европската Унија преку својата територија, откако открила пратка со, како што тврдат властите, фалсификувани ветеринарни сертификати.

— реклама —

Руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор) соопшти дека мерката стапила во сила вчера и има за цел да спречи ширење на заразни болести кај животните и да ги заштити потрошувачите.

Според руските власти, станува збор за нелегален транспорт на нуспроизводи од живинско месо, наводно со потекло од Германија, кои биле превезувани преку Полска. Пратката влегла во Евроазиската економска унија со возило со полски регистарски таблички и со фалсификувани ветеринарни документи, а крајната дестинација била Узбекистан.

— реклама —

Од Росселхознадзор наведуваат дека, врз основа на анализата на нивните информациски системи и одговорот од германската ветеринарна служба, било утврдено дека производот е со непознато потекло.

— реклама —

Руските власти побарале од Узбекистан да го идентификува испраќачот на спорната пратка.

Во соопштението се додава дека производите што биле испратени со валидни документи најдоцна до 5 август ќе можат да транзитираат низ Русија во текот на денешниот ден.

Ограничувањето ќе остане во сила до завршување на истрагата и одржување разговори со Европската комисија за утврдените неправилности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 17 часа

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 23 часа

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања