„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Русија тврди: Украина се обидела со масовен дронски напад врз резиденцијата на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryj9p1u80284hobNohmns

Руските власти тврдат дека Украина извршила темелно подготвен, но неуспешен напад со беспилотни летала врз една од официјалните резиденции на рускиот претседател Владимир Путин, лоцирана во Новгородската област. Според руската страна, станувало збор за повеќеслоен и целно насочен напад, кој бил навремено откриен и целосно неутрализиран од системите за противвоздушна одбрана.

— реклама —

Генерал-мајор Александар Романјенков, командант на руските противвоздушни ракетни сили, на брифинг изјави дека формата на нападот, бројот на употребени летала и нивното дејствување од југ, југозапад и запад, директно кон претседателската резиденција, укажуваат дека нападот бил внимателно испланиран. Според неговите тврдења, беспилотните летала биле лансирани од украинските области Суми и Чернигов, а обидот за напад бил изведен од повеќе правци.

Романјенков наведе дека нападот бил детектиран во неделата околу 19:20 часот по московско време и дека сите дронови биле соборени над територијата на Брјанската, Смоленската и Новгородската област. Тој истакна дека нема причинета материјална штета врз резиденцијата, ниту пак има загинати или повредени лица, додавајќи дека руската армија постапила координирано и ефикасно.

— реклама —

Од Кремљ соопштија дека, според нивните податоци, во нападот биле употребени вкупно 91 беспилотно летало, а сите биле уништени од противвоздушната одбрана. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поради овој настан Москва ќе го преиспита своето преговарачко позиционирање во однос на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека ваквите, како што ги нарече, провокации од страна на Киев имаат цел да ги поткопаат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за посредување во мировниот процес. Тој додаде дека инцидентот нема да влијае врз дијалогот меѓу Русија и САД и дека руската војска знае како, кога и со кои средства да одговори.

Од украинска страна, обвинувањата беа категорично отфрлени. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи напиша дека нема никакви докази за ваков напад и дека станува збор за лажни тврдења, кои, според него, се дел од вообичаената руска тактика. Тој оцени дека Русија често ги обвинува другите за активности кои самата планира да ги спроведе.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обвинувањата се измислени и дека Кремљ со нив подготвува оправдување за нови напади врз Украина. Според него, целта е создавање изговор за удари врз Киев и државните институции, предупредувајќи дека постои ризик од нова ескалација.

Скептицизам изразија и од Соединетите Американски Држави. Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека не е јасно дали нападот навистина се случил и дека е потребно да се видат разузнавачките информации за инцидентот. Тој оцени дека би било нелогично Украина, во момент кога се зборува за напредок во мировните преговори, да преземе чекор што би можел да се толкува како непромислен.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека рускиот претседател лично го информирал за наводниот напад во телефонски разговор. Трамп изјави дека таков потег не би бил добар и нагласи дека напад врз дом на државен лидер не е соодветен во ваков момент, додавајќи дека допрва ќе се утврдува дали навистина постојат докази за случувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymp3bktgadqk61PQsqXH

Брутален напад врз Киев: експлозии од хиперсонични и крстосувачки ракети

Свет | пред 4 дена

kremlj-moskva

Кремљ: Имавме телефонски разговори со администрацијата на Трамп

Свет | пред 4 дена

IMG_2199

Русија откри илегални печатници за лажни документи, запленети над 50.000 фалсификати

Свет | пред 5 дена

sergej-lavrov

Русија повикува на обновување на односите со САД, но под сопствени услови

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања