Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руската економија забавува, цените на горивата се поголем проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
rusija

Централната банка на Русија ја намали прогнозата за економскиот раст во 2026 година и сега очекува стагнација или раст на бруто-домашниот производ до најмногу еден процент. Воедно, банката ја зголеми и проценката за инфлацијата, наведувајќи дека главна причина е поскапувањето на горивата, поврзано со нападите врз руската нафтена инфраструктура.

— реклама —

Според новите проекции, инфлацијата следната година ќе се движи меѓу шест и седум проценти, што е значително над претходната прогноза од 4,5 до 5,5 проценти. Во банката оценуваат дека се зголемиле инфлаторните очекувања кај домаќинствата, компаниите и учесниците на финансиските пазари, што дополнително може да го отежне нејзиното намалување.

— реклама —

Поскапувањето на горивата почнало да се интензивира од средината на мај, а во текот на јуни во повеќе руски региони биле регистрирани и недостиг на гориво. Овие проблеми следуваа по украинските напади врз рафинерии за нафта во Русија, а дел од аналитичарите предупредуваат дека инфлацијата до крајот на годината би можела дополнително да порасне.

Централната банка ја намали и прогнозата за растот на БДП за 2026 година, од претходно очекуваните 0,5 до 1,5 проценти на меѓу нула и еден процент. Намалени се и очекувањата за економската активност во последниот квартал од годината.

— реклама —

Во образложението се наведува дека компаниите очекуваат забавување на побарувачката, а најновите економски показатели укажуваат на привремено намалување на производствените капацитети, што влијаело врз ревизијата на прогнозите.

— реклама —

И покрај очекувањата дека капацитетите за производство на гориво постепено ќе се обновуваат до крајот на годината, Украина продолжува со нападите врз руската енергетска и логистичка инфраструктура. Во најновите напади биле погодени рафинерија во Тјумен, логистички објект во Екатеринбург и складиште за гориво во Ростов на Дон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 15 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 17 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања