Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руски војник отвори оган врз колеги и цивили, четворица загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ruski-vojnik-rusija-

Четири лица, меѓу кои тројца цивили, загинаа во вооружен напад што го извршил руски војник во Севастопол на анектираниот полуостров Крим.

— реклама —

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, соопшти дека војникот најпрво отворил оган врз свои соборци, при што убил еден војник, а потоа нападнал цивили, при што животот го загубиле уште три лица. Напаѓачот е уапсен.

— реклама —

Според властите, меѓу цивилните жртви се двајца мажи на возраст од 71 и 59 години и 64-годишна жена.

Мотивот за нападот засега не е познат. На местото на настанот се ангажирани истражители, форензичари и службите за итна интервенција, кои ги утврдуваат сите околности на случајот.

— реклама —

Развожаев ги повика граѓаните да не шират непроверени информации и да ги следат само официјалните соопштенија.

— реклама —

Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, во последниот период е честа цел на украински напади насочени кон руската воена логистика, додека Москва од полуостровот редовно изведува операции во војната против Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 15 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 17 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања