Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Руските весници со воздржана паника – новиот потег на Трамп ја тресе Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-libraryhpq4a4md2mpa3v6Hvyo

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании и го откажа планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта. Како што јавува дописникот на BBC од Москва, Стив Розенберг, руските медиуми реагираат внимателно, но со видлива загриженост за можните последици врз економијата и односите со Вашингтон.

Според бизнис-дневникот РБК, ова е првпат откако Трамп повторно ја презеде функцијата да САД воведат нови санкции кон Русија. На црната листа се најдоа компании што произведуваат речиси половина од вкупното руско производство на нафта. Весникот наведува дека мерките може сериозно да го погодат извозот, државниот буџет и стабилноста на рубљата.

— реклама —

Економист цитиран од РБК оценува дека руските нафтени компании досега се прилагодувале на санкциите, но доколку Индија го намали увозот на руска нафта, Москва ќе мора да бара нови пазари, без гаранција дека Кина ќе го преземе целиот изгубен обем.

Весникот Комерсант пишува дека сега три четвртини од рускиот извоз на нафта е под санкции, што е највисоко ниво досега. Претседателот на Руското советодавно тело за меѓународни односи вели дека овие мерки се јасен политички сигнал од Вашингтон. „Откако Трамп се врати во Белата куќа, нови санкции се одложуваа, додека Европската унија и Велика Британија продолжија со свои мерки. Повратокот кон санкции покажува дека шансите за дипломатско решение на украинското прашање повторно ослабеле“, пишува весникот.

— реклама —

Комсомолскаја правда пак забележува дека Трамп е „толку контрадикторен што изгледа како да има седум петoци во неделата“ – израз што во рускиот јазик означува непредвидливост и недоследност.

Насловот на нивниот текст гласи: „Седум Трампови во неделата“. Весникот потсетува дека американскиот претседател прво вовел санкции, а потоа изјавил дека „не е сигурен оти ќе бидат ефикасни“. „Трамп може да го смени курсот во секој момент, таков е по природа“, коментирал еден руски политиколог.

— реклама —

Весникот Известија пренесува дека Владимир Путин внимателно ги избегнувал острите зборови при реакцијата на Трамповите потези, но сепак нагласил дека тие сериозно ги нарушуваат руско-американските односи. Неколку изданија ги цитираат и неговите предупредувања дека рускиот одговор на евентуални ракетни напади врз нејзината територија би можел да биде „многу сериозен, ако не и разорен“.

Во спротивност со умерениот став на Кремљ, поранешниот претседател Дмитриј Медведев остро реагираше, нарекувајќи ги Трамповите потези „чин на војна против Русија“.

— реклама —

Сепак, официјалниот државен весник Россискаја газета објави дека одложувањето на самитот во Будимпешта „не менува ништо суштински“, и дека контактите меѓу Москва и Вашингтон за „наоѓање прифатливо решение“ продолжуваат.

Иако реакциите се внимателни, руските медиуми јасно укажуваат дека санкциите се гледаат како сигнал за заострување на односите и можен пресврт во американската политика кон Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања