Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

САД ги намалува царините, Тајван отвора пазар за американска стока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryj3ambs513co59nHiVIx

Американски и тајвански официјални претставници потпишаа конечен трговски договор според кој САД ќе ја намалат царината за увоз на тајванска стока на 15 проценти, додека Тајван се обврза на план за укинување или намалување на давачките за речиси целата американска стока.

Според одредбите од договорот, Тајван се обврза и во периодот од 2025 до 2029 година да купува повеќе американски суровини и производи.

— реклама —

Меѓу другото, Тајван ќе набави течен природен гас од американски добавувачи во вредност од 44,4 милијарди долари, патнички авиони и мотори во вредност од 15,2 милијарди долари, како и опрема и генератори за електроенергетски мрежи, поморска опрема и опрема за производство на челик во вредност од 25,2 милијарди долари.

Во конечниот договор се прецизирани техничките детали од трговскиот договор постигнат во јануари, со кој американските царини за тајванска стока, вклучително и за полупроводници – клучен сектор за тајванската економија – беа намалени од 20 на 15 проценти.

— реклама —

Оваа одлука му овозможи на Тајван рамноправно натпреварување со Јужна Кореја и Јапонија, најблиските азиски конкуренти за удел на американскиот пазар.

Во јануарскиот договор официјален Тајпеј и тајванските компании се обврзаа да вложат 250 милијарди долари за поттикнување на секторите за полупроводници, енергетика и вештачка интелигенција во САД, вклучително и инвестиција од 100 милијарди долари што претходно ја најави производителот на чипови TSMC. Тајванската влада би гарантирала уште 250 милијарди долари инвестиции во САД, изјави американскиот министер за трговија Хауард Латник.

Во финалната верзија на договорот не се наведени деталите за тие инвестиции, но се истакнува дека канцеларијата на тајванскиот претставник во САД ќе соработува со американските власти за постигнување договор за дополнителни вложувања во изградба на нови капацитети и модернизација на постојните во стратешките високотехнолошки производствени сектори, вклучително и вештачка интелигенција, полупроводници и напредна електроника.

— реклама —

Со договорот веднаш ќе бидат укинати тајванските царини до 26 проценти за увоз на голем дел од американските земјоделски производи, вклучувајќи говедско месо, млечни производи и пченка. Програмата предвидува и намалување на некои давачки, меѓу кои и сегашниот данок од 40 проценти за увоз на свинска сланина и 32 проценти за увоз на шунка, на 10 проценти.

Во рамки на трговскиот договор, Тајван ќе ги отстрани нецаринските бариери за увоз на моторни возила и ќе ги прифати американските безбедносни стандарди за автомобили, медицински производи и лекови. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека договорот ќе отвори нови можности за извоз за американските земјоделци, сточари, рибари, работници и индустријалци.

— реклама —

„Овој договор е изграден врз темелите на нашите долгогодишни економски и трговски односи со Тајван и значително ќе ја зголеми отпорноста на синџирите на снабдување, особено во високотехнолошките индустрии“, додаде Грир.

Во периодот од јануари до ноември 2025 година, американскиот трговски дефицит во размената со Тајван речиси се удвои во однос на истиот период во 2024 година и изнесуваше 126,9 милијарди долари, пред сè поради силниот раст на увозот на висококвалитетни чипови за вештачка интелигенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SeKXr-

По договорот меѓу САД и Иран, нафтата поевтини, а сообраќајот низ Ормутскиот теснец се нормализира

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryg2fouf7iasog4wTb7m2

Иран го обвини НАТО за соучесништво во „незаконската агресија“ на САД и Израел

Свет | пред 13 часа

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Трамп тврди едно, Техеран друго: Неизвесна судбината на инспекциите во Иран

Свет | пред 1 ден

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски му предложил на Трамп да го доведе Путин во САД

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања