Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

САД и Кина со различни верзии за средбата Трамп–Си

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryd6rsnbv8h58vdg4UglV

Белата куќа и Министерството за надворешни работи на Кина објавија значително различни извештаи од средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг.

Американската страна во своето соопштение главен акцент стави на разговорите за Иран, додека кинеската страна како клучно прашање го истакнала Тајван, тема што во американскиот извештај воопшто не се споменува.

— реклама —

Во американското соопштение најпрво се нагласува економската соработка меѓу двете земји, а потоа се наведува дека Трамп и Си разговарале и за запирање на приливот на суровини за производство на фентанил во САД.

— реклама —

Потоа следувале разговори за Иран и за Ормутскиот теснец.

„Двете страни се согласија дека Ормутскиот теснец мора да остане отворен за да се обезбеди слободен проток на енергенси“, се наведува во американското соопштение.

— реклама —

Според Белата куќа, Си изразил противење на милитаризацијата на теснецот и на какви било обиди за наплата на премин низ него, а покажал и интерес за поголем увоз на американска нафта.

— реклама —

Во соопштението се додава и дека двете земји се согласиле оти Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје.

За разлика од американскиот извештај, кинеското соопштение само кратко го споменува Иран меѓу другите меѓународни прашања, додека многу поголем простор му посветува на прашањето за Тајван, кое Си го нарекол „најважно прашање“ во односите меѓу двете сили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања