Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

САД и Норвешка главни добавувачи на енергија за ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
873x400-1-16

Вредноста на увозот на сурова нафта во ЕУ порасна 0,8 отсто во споредба со просечното месечно ниво од 2025 година, додека физичкиот обем на увозот е незначително намален, за 0,6 отсто, објави Евростат.

— реклама —

Според податоците на Европскиот статистички завод, Соединетите Американски Држави останаа најголем поединечен добавувач на сурова нафта за Европската Унија, со удел од 17,8 отсто од вкупниот увоз, пред Норвешка со 16,6 отсто и Казахстан со 9,6 отсто.

— реклама —

Истовремено, вредноста на увозот на течен природен гас (ЛНГ) е намалена за осум отсто, иако количината на увезениот ЛНГ порасна 2,9 отсто, што укажува на пониски цени на овој енергент на меѓународниот пазар.

Пад е забележан и кај природниот гас испорачан преку гасоводи, каде вредноста на увозот е намалена 12,7 отсто, а количината за четири отсто.

— реклама —

Кога станува збор за течниот природен гас, повеќе од половина од вкупниот увоз, односно 57,4 отсто, пристигна од Соединетите Американски Држави, додека Русија и Катар учествуваа со 17,3 односно 6,6 отсто.

— реклама —

Норвешка ја задржа водечката позиција како добавувач на природен гас што се транспортира преку гасоводи, со удел од 54,4 отсто, пред Алжир со 18,5 отсто и Русија со 9,8 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања