Промени тема
Контакт

САД одобрија продажба на оружје за Израел вредна 6,7 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
izrael-vojska

Американската влада одобри продажба на оружје за Израел во вредност од речиси 6,7 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка (DSCA). Пакетот опфаќа борбени хеликоптери, оклопни возила и придружна воена опрема, со што се зајакнува долгогодишната воена соработка меѓу двете земји.

Според официјалните податоци, договорот вклучува набавка на 30 борбени хеликоптери „Апачи“ со придружна опрема, во вредност од нешто помалку од 3,8 милијарди долари. Дополнително, Израел ќе купи 3.250 лесни тактички возила „Joint Light Tactical Vehicle“ за околу 1,98 милијарди долари, опрема за оклопни транспортери вредна приближно 740 милиони долари, како и лесни повеќенаменски хеликоптери во износ од околу 150 милиони долари.

— реклама —

Соединетите Американски Држави се најголем воен сојузник на Израел и главен снабдувач со оружје, а оваа одлука дополнително ја потврдува таа стратешка врска.

Покрај Израел, Стејт департментот одобри и продажба на оружје за Саудиска Арабија, која ќе набави 730 ракети за противвоздушниот одбранбен систем „Патриот“ и придружна опрема, во вкупна вредност од околу девет милијарди долари. Американскиот Конгрес веќе е официјално известен за овие договори.

— реклама —

Одлуките за продажба на оружје доаѓаат во период на зголемени тензии на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели неколкупати упати остри предупредувања кон Иран, вклучително и закани со воени акции, паралелно со зголемување на американското воено присуство во регионот.

— реклама —

Овие потези се оценуваат како дел од пошироката стратегија на Вашингтон за зајакнување на своите сојузници и одржување на безбедносната рамнотежа во нестабилниот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Крај на американската воена мисија во Ирак: По повеќе од една деценија, војниците се повлекоа

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library4p18jn9maob39SFldnK

САД воведоа нови санкции против мрежа поврзана со набавка на оружје за Иран

Свет | пред 8 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

„Атлантик“: Вашингтон размислува за поблаги санкции кон Москва во замена за затвореници

Свет | пред 22 часа

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

САД со нови забрани за увоз од Канада, најмногу погоден извозот на алкохол

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања