Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

САД привремено укинува дел од санкциите кон Русија поради средбата Трамп–Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.25

Американското Министерство за финансии издаде привремено ослободување од одредени санкции кон Русија, со што се дозволуваат трансакции поврзани со утрешната средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин.

— реклама —

Соопштението го објави Канцеларијата за контрола на странска имот (OFAC) при Министерството за финансии, еден ден пред состанокот во Енкориџ, Алјаска.

Ослободувањето се однесува на трансакции кои се „вообичаено поврзани и неопходни за учество или поддршка на состаноците во сојузната држава Алјаска“, но не подразбира „одблокирање или пуштање на веќе замрзнати средства“.

— реклама —

OFAC прецизира дека ова изземање ќе важи до 20 август.

— реклама —

Очекувањата се дека утрешниот состанок ќе биде фокусиран на конфликтот во Украина, но и на поширок спектар теми во билатералните односи меѓу Вашингтон и Москва. Двете страни внимателно ги формулираат своите очекувања, нагласувајќи дека ова веројатно ќе биде прв од серија разговори, а не моментален пробив.

Трамп претходно ја опиша средбата како „разговор за испитување на теренот“, кој ќе му помогне да процени дали постои можност за решавање на украинскиот конфликт.

— реклама —

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва го гледа состанокот како можност за почеток на поправка на нарушените односи со Вашингтон, изразувајќи надеж дека „ќе даде поттик за нормализација на билатералните односи“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 9 часа

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 1 ден

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања