Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Сакале да извлечат над 50 милиони денари од ЕУ со недовршени објекти претставени како готови, кривична за пет лица и две фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички лица и две правни лица, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на европски средства.

Кривичните пријави се поднесени против Б.Г. и Г.Ф. во својство на надзорни инженери, како и против Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите компании.

Според Финансиската полиција, пријавените се сомничат за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“, „измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

— реклама —

Од Управата информираат дека надзорните инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, иако објектите не биле целосно завршени.

— реклама —

Со таквите извештаи, според сомневањата, им овозможиле на правните лица да ги впишат недовршените објекти во Агенцијата за катастар на недвижности и на тој начин да создадат привид дека ги исполнуваат условите за користење.

Сопствениците и управителите на компаниите, иако знаеле дека објектите не се завршени и не ги исполнуваат законските услови за ставање во употреба, ги искористиле овие документи за да обезбедат исплата на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПА 3 (ИПАРД 2021-2027).

— реклама —

Со ваквите дејствија, според Финансиската полиција, пријавените се обиделе да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw

Летал приватно со владиниот авион и трошел службени пари: Обвинение за поранешен директор на СОЗР

Македонија | пред 13 часа

media-library6pj3fil6bdr06RSeEhC

Снимале додека ја тепале и ѝ се заканувале: ОЈО поведе постапка против три девојки за врсничкото насилство во Куманово

Македонија | пред 1 ден

media-libraryraoar333lhje1zc44Fc

Трифун и син му Коста Костовски обвинети за стечајот на Еуростандард банка заедно со уште две лица, обвинителот: штетата е над 1,6 милијарди денари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfuo6qlp6k2kodTerCYa

Со тупаници и клоци го тепале, па со нож го сечеле по телото – детали за насилството врз малолетник во Маџари

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања