Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Сакаме да ги потсетиме Вашингтон, Лондон, Париз и Брисел дека сè уште си играат со оган“, кажа Захарова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
906z513_marija-zaharova-epa-sputnjik-m.ss_.-ntnn

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги предупреди француските власти дека ракетите со долг дострел што треба да се испратат во Украина може да ја погодат француската амбасада во Москва.

— реклама —

На прес-конференција во Москва, Захарова ја критикуваше изјавата на францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну, кој во понеделникот потврди дека наредил префрлање на најмалку десет проектили со долг дострел Скалп во Украина и додаде дека се надева оти Киев ќе може да извршуваат напади надвор од линијата на фронтот, што значи на руска територија.

— реклама —

„Би сакала да му го кажам ова на Себастиен Лекорну, кога режимот во Киев ќе удри надвор од линијата на фронтот, да се надеваме дека нема да ја погоди француската амбасада во Москва“, рече Захарова. Таа истакна дека европските претставници вложиле напори да ги убедат САД да и дозволат на Украина да истрела ракети со долг дострел на руска територија.

— реклама —

Таа додаде дека британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон сакаат да го принудат американскиот претседател Џо Бајден да ја укине забраната за таргетирање на руска територија пред да му заврши мандатот во јануари. Захарова тврди дека тоа покажува дека Западот не сака мир, туку „има намера преку Украина да води хибридна војна против Русија“.

— реклама —

„Сакаме да ги потсетиме Вашингтон, Лондон, Париз и Брисел дека сè уште си играат со оган. Рускиот претседател Владимир Путин јасно кажа дека дозволата на Украина за такви напади ќе се смета како вистински влез на земјите од НАТО во директен вооружен конфликт со Русија“, нагласи Захарова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 10 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 23 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања