Промени тема
Контакт

Салиу во судница: „Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
saban-saliu-1515

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, денеска го отфрли товарот на обвинението во случајот „Пулс“, нарекувајќи го правно неодржливо и логички апсурдно.

„Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас“, изјави Салиу во судницата, реактирајќи на тврдењето дека делувал со „евентуална умисла“ во периодот 2012–2017 година, а за настан што се случил осум години подоцна – трагедијата во Кочани во 2025 година.

— реклама —

Тој пред судот ја цитираше клучната реченица од обвинителниот акт: „Директорите на ДЗС, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување.“

„Според ова, јас уште во 2012 година сум знаел што ќе се случи на 16 март 2025 година. Тоа не е ни правно, ни логично издржано“, нагласи Салиу.

Но, неговото обраќање не остана само на правните дилеми. Салиу тврдеше дека е изложен и на политички притисок, директно посочувајќи ги пратеникот Димитар Апасиев и членовите на Анкетната комисија.

— реклама —

„На вчерашната седница се злоупотреби моето име. Тврдеа дека сум доаѓал со службена кола. Тоа го говореа Петрушева и Апасиев. Срамота е да се фрлаат вакви обвинувања без факти“, изјави тој.

Иако Салиу се брани дека немал начин да предвиди идни ризици, Обвинителството го товари за конкретни пропусти во работењето на ДЗС во минатото – пропусти кои, според нив, придонеле за системската негрижа што ја создаде околноста за трагедијата во „Пулс“.

— реклама —

Обвинителниот акт му става на товар три суштински пропусти:

1. Неназначување инспектор во Кочани
Во критичниот период не донел решение за распоредување инспектор за заштита и спасување во Кочани, поради што објектите во регионот останале без надзор.

2. Неспроведување законски обврски
Не биле преземени мерки за организирање и планирање заштита од пожари и експлозии, иако тоа било негова директна надлежност.

— реклама —

3. Игнорирање ризик и формално планирање
Годишните планови за надзор биле подготвувани само „на хартија“, без реално присуство на терен, иако ДЗС знаело дека во Кочани нема ниту еден инспектор.

Салиу, кој ја водеше ДЗС од 2008 до 2017 година, е еден од 37 обвинети во овој процес. Тој инсистира дека не е виновен и дека обвинението е дел од „меѓупартиски пресметки“, а не резултат на реални докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања