Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Само четири недели ваква исхрана може да го забави стареењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library7bb738ic73b797EfkZD
Photo by Jannis Brandt on Unsplash

Нова научна студија покажала дека само четири недели здрава исхрана можат значително да ги подобрат клучните здравствени показатели и да го забават процесот на стареење кај лица на возраст меѓу 65 и 75 години.

Истражувачите анализирале како различни режими на исхрана влијаат врз таканаречената биолошка возраст – односно колку „стари“ се клетките и организмот, независно од реалните години.

Според научниците, храната има клучна улога во воспалителните процеси, метаболизмот и здравјето на срцето, а токму тие фактори влијаат врз биолошкото стареење.

Во истражувањето, волонтерите биле поделени во четири групи, а научниците целосно ја контролирале нивната исхрана во текот на четири недели.

— реклама —

Две групи консумирале исхрана со месо, додека другите две биле базирани на растителни протеини. Сепак, најголемите промени биле забележани кај испитаниците кои намалиле внес на заситени масти и почнале да внесуваат повеќе сложени јаглехидрати.

— реклама —

Кај тие учесници биле регистрирани најдобри резултати во крвните маркери поврзани со стареењето, а научниците оцениле дека нивната биолошка возраст покажала најголемо подобрување по само четири недели.

Од друга страна, кај луѓето кои продолжиле со тешка и масна исхрана речиси и да немало промени во показателите за стареење.

— реклама —

Истражувачите нагласуваат дека резултатите се охрабрувачки, но предупредуваат дека здравјето не зависи од еден добар месец, туку од долгорочни навики и начин на живот.

Сепак, сознанието дека дел од процесите поврзани со стареењето можат да се подобрат за релативно кратко време, според нив, претставува силна мотивација за поздрав начин на исхрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryph5hjllhgcu72xwpGRe

Онколози предупредуваат: Овој додаток во исхраната може да го зголеми ризикот од рак

Магазин | пред 2 дена

media-libraryk5988g5n03om1AOSiiM

Пет летни намирници богати со влакна што треба почесто да ги јадете

Магазин | пред 1 седмица

media-librarydo60vgqvc1qe10Gf4ca

Исхраната игра клучна улога: Како природно да ја намалите појавата на стрии

Магазин | пред 2 седмици

media-library1vgjsksoarrgeqbz5Ex

Висок холестерол? Овие промени во појадокот можат да направат разлика

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања