Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Само да ве потсетиме – вакви анкети објавуваше не само Орбан, туку и Груевски“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ преку соопштение ги отфрли најновите анкети објавени од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како нарачани и обвинувајќи дека владејачката партија се обидува со „лажни бројки“ да го прикрие, како што велат, падот на поддршката кај граѓаните.

Од опозициската партија посочуваат дека слична практика имале и унгарскиот премиер Виктор Орбан и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, потсетувајќи дека „резултатот на крајот бил ист“.

— реклама —

„Кога нема резултати, се фалат со лажни бројки. Ист принцип, исто школо“, велат од СДСМ, додавајќи дека премиерот Христијан Мицкоски ги презема политичките тактики на српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Според СДСМ, Владата нема што да понуди кога станува збор за реформите и европската интеграција, па затоа, како што наведуваат, најголем дел од својата енергија ја насочува кон напади врз опозицијата.

Партијата тврди дека ВМРО-ДПМНЕ бележи пад на рејтингот и дека граѓаните веќе не веруваат во, како што велат, „лажните ветувања и пропагандата“.

— реклама —

Од СДСМ повторија дека внесувањето на малцинствата во Уставот е европска, а не бугарска обврска, нагласувајќи дека Македонија преговара со Европската Унија, а не со Бугарија.

— реклама —

„Реформи нема. Единствениот реформски закон што се обидоа да го протуркаат – Законот за Судскиот совет, Европа го врати на доработка“, велат од СДСМ, додавајќи дека без независно правосудство и вистински реформи нема напредок кон ЕУ.

„Доста е со лажни бројки и лажни реформи. Реформи сега. Европа сега“, порачуваат од опозициската партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања