Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryle430s5ob6pqajgbReX

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и лидерот на партијата, Венко Филипче, остануваат единствени на политичката сцена кои јавно ги поддржуваат уставните измени поврзани со внесувањето на Бугарите во Уставот без претходно обезбедени гаранции.

— реклама —

Од владејачката партија велат дека СДСМ и во минатото носела одлуки кои, според нив, биле спротивни на волјата на граѓаните, а сега повторно се залага за решенија кои не ја уживаат поддршката од мнозинството.

— реклама —

„Филипче и СДС со месеци се додворуваа на Бугарија и на претседателот Румен Радев, испраќајќи пораки дека би ги прифатиле уставните измени без гаранции. Со тоа покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови национални отстапки“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата тврди дека над 80 проценти од граѓаните не ги поддржуваат барањата за уставни измени под сегашните услови и дека јавноста испраќа јасна порака дека европската интеграција треба да продолжи, но без загрозување на националниот идентитет и достоинство.

— реклама —

„Граѓаните сакаат Македонија да стане дел од Европската Унија, но не по секоја цена. Потребен е достоинствен евроинтегративен пат, со зачувување на македонскиот идентитет и интегритет“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека Македонија заслужува европска иднина заснована на почитување на националните интереси, а не, како што велат, нови отстапки мотивирани од теснопартиски цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања