Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Само Филипче, како специјален бугарски пратеник и пиун на Радев, верува дека уставните измени се последно барање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, „како специјален бугарски пратеник и пиун на Румен Радев“ верува дека уставните измени се последното барање од Бугарија за продолжување на евроинтегративниот процес.

Од партијата обвинија дека СДСМ и Филипче, „за власт, моќ и амнестија на криминалите“, би прифатиле уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот, иако, според нив, тоа не е последното барање од источниот сосед.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека следни теми за отстапки би биле македонскиот јазик, култура, историја и идентитет, а како аргумент повторно се посочува говор на Радев од 2019 година на конференција во Русија, на која присуствувал и Владимир Путин.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот бугарски претседател зборувал за македонската историја во бугарски контекст и изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин, како и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија.

Од партијата посочуваат дека тогашната власт предводена од Зоран Заев и министерот Филипче не реагирале на тие изјави.

— реклама —

Во реакцијата се споменуваат и имињата на Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев, како и Кирил и Методиј, при што ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ би дозволиле нивно претставување во бугарски контекст.

— реклама —

Во соопштението се споменуваат и Стево Пендаровски и Рубин Земон.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека „времето на национални и идентитетски отстапки заврши“ и дека нема да дозволат прифаќање на, како што велат, „ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања