Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Савески за Артан Груби: Истрагата е во тек, се прибираат докази и се спроведуваат истражни дејствија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryftmqaukuqk6k2kXoNge
Скопје1.мк

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека истрагата во која е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби сè уште е во тек и дека обвинителството продолжува со прибирање докази и спроведување истражни дејствија.

Говорејќи за постапката, Савески посочи дека секој јавен обвинител изготвува сопствен истражен план во кој ги утврдува доказите што треба да бидат обезбедени за конкретниот предмет.

— реклама —

„Во овој момент не би навлегувал во конкретни предмети, бидејќи не е соодветно тие да се коментираат јавно додека се во тек“, изјави Савески.

— реклама —

Тој потсети дека законскиот рок за спроведување истрага изнесува шест месеци, но може да биде продолжен доколку за тоа постои потреба.

„Не постои прецизно мерило кога доказите се доволни, тоа е проценка на јавниот обвинител“, рече Савески.

— реклама —

Во однос на мерките за обезбедување присуство на осомничените лица, државниот обвинител нагласи дека јавниот обвинител може да предложи мерки, но конечната одлука ја носи судот.

„Сакам да нагласам дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно и без притисоци. Моја обврска е да обезбедам услови за нивна независност и професионално работење“, додаде Савески.

Тој не откри дополнителни детали за предметот поврзан со Артан Груби, повикувајќи се на интересите на истражната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0j1kk9s5hj6mdZ9ut5S

Уште еден сведок „ги изневери обвинителите“ и застана зад Груби и Бајрами

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryu8ii4ius21tncHRDD9A

Груби се оградува од синоќешниот собир и се извинува: „Не го организирав, не е моја политичка порака“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjlnhqfvr8emh4laPzYk

(Видео) Груби пречекан со факели и огномет по излегувањето од куќен притвор

Македонија | пред 2 седмици

grubi-41

(Фото) Граѓани нудат куќи и имот како гаранција за пасошот на Артан Груби

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања