Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен имот, но дека судот не спаѓа во таа категорија.
Според него, ваквата формулација не може да се применува ниту на судии, ниту на обвинители, што, како што рече, отвора сериозна правна дилема околу самата квалификација на делото. Давидовиќ нагласи дека клучниот доказ што Обвинителството постојано го истакнува се 350 илјади евра пронајдени во домот на родителите на Ристов, но дека тие средства, па според записникот од претресот, биле пријавени како нивни лични пари.
„350 илјади евра, кои беа најдени кај неговите родители, кои на записникот, напишале дека се нивни лични средства, тоа го признава и обвинителката“, вели Давидовиќ.
(Видео) Со рацете во џеб, судијата Ристов отиде во суд, придружуван од сопругата и адвокатот
Со рацете во џеб, судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација од Обвинителството каде беше на распит, замина во Кривичен суд, каде ќе се одлучува по предлогот да му изречат куќен притвор. Во домот на неговите родители, беа најдени 350.000 евра заѕидани во ѕид.Ристов беше во друштво на неговата сопруга која го чекаше на влезот од Обвинителството, и адвокатот Sвонко Давидовиќ. Во судот дојде и адвокатот Душко Јанковиќ, а таму отиде и обвинителката Искра Хаџи Василева.Претходно, Судски совет му го си
Македонија | пред 5 месеци
Судијата Ѓоко Ристов со ѕиданите пари оди во куќен притвор и останува без пасош, одлучи Кривичен суд
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое му определи мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за тешки кривични дела од областа на финансискиот криминал.По произнесувањето на осомничениот и на надлежниот јавен обвинител, судот го прифати предлогот на обвинителството и на Ристов му опре
Македонија | пред 5 месеци