Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„СДС е во целосна конфузија, сто теми во едно соопштение, а ниту еден аргумент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryn3d9jknnetnrd7h9bkq

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешното соопштение на СДС оцени дека опозициската партија се наоѓа во „целосна конфузија“ и дека во едно соопштение изнесува повеќе теми без, како што велат, ниту еден аргумент.

Од владејачката партија тврдат дека соопштението на СДС е доказ за политичка паника и внатрепартиски хаос, обвинувајќи го раководството на партијата дека ја довело СДС на маргините на политичката сцена.

— реклама —

„Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај. СДС е партија без визија, без план и без стратегија за државата“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДС да престане со, како што наведува, лагите и конструкциите, оценувајќи дека тие се резултат на страв и внатрешни проблеми во партијата.

Партијата воедно обвинува дека СДС во минатото ја задолжувала државата, спроведувала коруптивни политики и носела одлуки на штета на Македонија, поради што, според ВМРО-ДПМНЕ, ја изгубила довербата кај граѓаните.

— реклама —

Осврнувајќи се на обвинувањата на СДС поврзани со наводните напади врз млади активисти во Ново Село, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку опозициската партија располага со докази, треба да ги достави до надлежните институции.

— реклама —

„Во спротивно, станува збор за груба манипулација и политичка злоупотреба на јавноста“, се наведува во реакцијата.

На крајот, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДС и нејзиното раководство немаат идеи, стратегија и кредибилитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања