Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryfa3dbt298mj8dDUs5cH

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и Левица со поднесување десетици илјади амандмани го блокираат донесувањето на Изборниот законик и, како што наведуваат, го попречуваат спроведувањето на реформските процеси во државата.

— реклама —

Од партијата соопштија дека двете опозициски партии учествувале во разговорите и усогласувањето на законскиот текст, но сега, според нив, со големиот број амандмани се обидуваат да го спречат неговото усвојување.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека предложениот Изборен законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека, наместо да понудат суштински предлози, СДСМ и Левица прибегнале кон парламентарна опструкција. Од партијата порачуваат дека се подготвени да разговараат за сите конструктивни забелешки што би придонеле за подобрување на изборниот процес, но сметаат дека поднесувањето десетици илјади амандмани не е обид за подобрување на законското решение.

— реклама —

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ повторува дека останува на ставот македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, оценувајќи дека секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, треба полесно да го оствари своето избирачко право.

— реклама —

Од партијата во соопштението тврдат дека зад постапките на СДСМ и Левица стои страв од изборен пораз и додаваат дека Владата ќе продолжи со реформите и покрај, како што велат, обидите за нивно блокирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања