Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешните критики од СДС за цените на горивата, оценувајќи дека опозициската партија не може да се помири со, како што наведуваат, економските резултати на актуелната Влада.

Од партијата посочуваат дека Македонија во услови на глобална криза предизвикана од случувањата и немирите на Блискиот Исток успева да ги задржи цените на нафтените деривати на ниско ниво во споредба со земјите од регионот.

— реклама —

„Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во реакцијата се посочува и на движењето на инфлацијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, цените на производите континуирано се следат, а последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат инфлација од 2,3 проценти.

Од партијата прават споредба со периодот кога СДС беше на власт, посочувајќи дека тогаш инфлацијата достигнувала и 16 проценти.

— реклама —

„СДС да имаа идеи за добри мерки, немаше во нивно време на власт инфлацијата да руши двоцифрени рекорди со 16 проценти“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на СДС наместо да критикува, да ги следи мерките и политиките што ги спроведува актуелната Влада.

„Ако сака СДС нешто корисно да направи, нека седи, гледа и учи како се следат состојбите, како се води држава, како се развива економијата, и како се работи во интерес на граѓаните и државата“, стои во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања