Промени тема
Контакт

СДС работи за српската опозиција, Заев и Башановиќ зад сцената, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, заедно со партијата се ставиле „на услуга на српската опозиција“, оценувајќи дека поради тоа СДС станува маргинална партија во Македонија.

— реклама —

Манасиевски тврди дека Димитријевиќ остварил средба со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија, кој, според него, дошол во Македонија со цел да се формира заеднички опозициски фронт и соработка со СДС.

— реклама —

„Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција... поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ“, наведува Манасиевски, посочувајќи ги Зоран Заев и Зоран Башановиќ како, како што вели, клучни во оваа „приказна“.

Тој дополнително постави и низа прашања до Димитријевиќ, поврзани со наводната средба во Скопје, вклучително и детали околу присуството на други политички претставници од Србија.

— реклама —

„Зошто СДС се става на располагање на опозиција во друга држава, а не се фокусира на македонската политичка сцена?“, праша Манасиевски, додавајќи дека очекуваат конкретни одговори „а не празни флоскули“.

— реклама —

Тој најави дека на утрешна прес-конференција ќе биде објавено и името на, како што рече, уште еден функционер од Србија кој учествувал во овие активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања