Промени тема
Контакт

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
opshtina-gazi-baba

Општина Гази Баба преку соопштение реагира на денешната изјава на координаторот на советничката група на СДСМ во општината, Александар Велјановски, оценувајќи ја како невистинита и насочена кон создавање немир меѓу граѓаните.

Од Општината велат дека за разлика од периодот кога со неа управувал СДСМ, денес се работи согласно Законот за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје.

„Денешната изјава на координаторот на советничката група на СДС во Општина Гази Баба Александар Велјановски е целосно невистинита, полна со непознавање на материјата и со единствена цел внесување немир помеѓу граѓаните“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од Општина Гази Баба посочуваат дека предвидените површини за комерцијална изградба, деловни простории и хотелски комплекси се користат исклучиво согласно нивната намена.

— реклама —

Во реакцијата се обвинува и претходното раководство на општината дека во периодот на управување на СДСМ биле констатирани бројни прекршувања на законските процедури, за чии последици, како што наведуваат, денес плаќаат граѓаните.

Од Општината нагласуваат дека во моментов Гази Баба е големо градилиште и дека се реализираат проекти во повеќе области, меѓу кои изградба на градинки, училишта, спортски сали, улици и канализациски системи.

— реклама —

„Ние сме посветени на работа и создавање дела, а теориите за изигрување на Законот ги оставаме на СДС кои впрочем се мајстори за тоа“, стои во реакцијата на Општина Гази Баба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 16 часа

— реклама —
uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Ноќна акција низ цела Гази Баба: Заврши вонредното прскање против комарци

Скопје | пред 3 седмици

media-library0nltfoj32ido4dcA2GO

(Видео) Започна целосна реконструкција на мостот „Естакада“ во Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања