Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„СДС шири дезинформации за лековите, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека пациентите се излажани во врска со лекот „Фостер“, оценувајќи дека станува збор за дезинформации и политички манипулации.

— реклама —

Од партијата велат дека намалувањето на референтната цена на лекот следувало по вклучувањето на генерички лек на позитивната листа, со цел да се создаде конкуренција, да се обезбеди поголем избор за пациентите и да се намалат трошоците.

— реклама —

„Алтернативата е достапна во земјата. Ова е стандардна практика и препорака на Светската здравствена организација, со која се овозможуваат заштеди што остануваат во здравствениот систем, наместо кај странските фармацевтски компании“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се посочува дека Владата ја проширила позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови – еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките низ државата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат СДС дека молчела кога, како што наведуваат, за време на нивното владеење онколошките пациенти останувале без биолошка терапија, а пациентите со цистична фиброза без неопходните лекови.

— реклама —

Партијата додава дека Владата продолжува да инвестира во здравството преку проширување на позитивната листа, зголемување на платите, реновирање на здравствените установи и набавка на нова медицинска опрема, оценувајќи дека здравството останува еден од нејзините приоритети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања