Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години“ - нова должничка замка, а нема развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

СДСМ остро ја критикуваше најавата на Владата за инвестиции од 10 милијарди евра во инфраструктурни проекти во наредната деценија, оценувајќи дека станува збор за ново задолжување без јасна развојна стратегија.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски веќе го зголемила јавниот долг за повеќе од 2,3 милијарди евра во изминатите две години и предупредуваат дека реализацијата на најавените проекти би можела дополнително да го зголеми задолжувањето на државата.

Според СДСМ, тоа би значело повисоки каматни трошоци, поскапо финансирање и помалку средства за плати, пензии и јавни услуги.

— реклама —

Партијата посочува и дека со најавениот план се предвидува изградба на 57 километри автопат во период од десет години, што, според нив, е недоволно за посериозен економски развој и подобрување на инфраструктурната поврзаност.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека не се познати конкретните извори на финансирање на проектите и дека во услови на, како што тврдат од СДСМ, намалени странски инвестиции и ограничени можности за користење европски фондови, најверојатното решение е ново задолжување.

„Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат и подобрување на деловната клима, Владата нуди пропагандни најави без финансиска и институционална основа“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека ваквиот пристап може да резултира со повисок јавен долг, послаб економски раст и дополнителен притисок врз животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања