Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: 15 дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Силјановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот националент идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, остануива фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на реформската агенда повеќе од две години, велат од СДСМ.

„Сега бараат алиби, бидејќи до 1 јуни останаа 15 дена и тие не можат да ги исполнат преостанатите точки, бидејќи за неколку точки им беа потребни 2 години.

Сега најавува Мицкоски дека ќе испорача 9,5 од 10, или сепак 7 или 8 точки. Бројките одат како томбола. Никому не му е јасно освен нему, кој по кој знае кој пат ЛАЖЕ!

Никому веќе не му е јасно освен дека бара алиби за да се оправда за неисполнувањето на реформите.

Но Мицкоски не сака да ја каже главната работа. Без измени на Уставот, без малцинства во Уставот, нема ни 7, 8, ниту 9,5 или 10 исполнети. НЕМА НИШТО!

— реклама —

Она што го крие е дека без малцинства во Уставот нема поместување од мртва точка. Нема продолжување на ЕУ интеграциите без разлика на исполнувањето на останатите точки од агендата.

Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, тоа е прашање на сите малцинства во Македонија.

Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Со сите 27 земји членки и услов се малцинствата!

Малцинствата не се само Бугари, туку и Срби, Хрвати, Роми, Бошњаци, Турци, Албанци… сите наши соседи, пријатели, колеги, роднини… сите тие се граѓани на Македонија.

— реклама —

Една од 10-те точки е Изборниот закон за кој Мицкоски рече дека ќе биде тема кон крајот на јуни!

Затоа му порачуваме на Мицкоски да не бара алиби за неисполнување на реформската агенда, туку да ги реши останатите точки до 1 јуни, како што вети, и да ги внесе малцинствата во Уставот за да продолжи процесот на ЕУ интеграции. Доста веќе лаги и манипулации со граѓаните.

Како што рече дека има мнозинство и дека тоа го докажал повеќе пати, како што рече дека сами без СДСМ ќе ги завршат реформите и дека СДСМ не им е потребен – нека ги завршат реформите.

Како што сè изгласа сам, без СДСМ, како што ја укина Техничката влада без консензус и меѓународната заедница, сега нека ги заврши сите точки од агендата. За Изборниот закон има, како што рече, време до крајот на јуни.

Нека престане да бара алиби, нека престане да g ЛАЖЕ граѓаните и нека го заврши тоа што го ветил!

— реклама —

 Нека ги испратат документите за екстрадиција на Груевски, за да ѝ покажат на Европа и на граѓаните дека сакаат ЕУ.

Не можеме во ЕУ, а да штитиме бегалци, симболи на криминал и корупција во Македонија.

Мицкоски и неговата банда не сакаат ЕУ. Не сакаат европски закони, не сакаат европско правосудство, не сакаат Европско обвинителство, бидејќи тогаш мора да се одговара за криминал и корупција.

Тогаш нема наредување на обвинител од собраниската говорница, тогаш не може пораки да се испраќаат преку медиуми и не може телефонски да се бараат процеси. Тогаш обвинителот е независен како насекаде во ЕУ.

— реклама —

Не сакаат слободни медиуми, бидејќи тогаш нема лажни вести, измислени афери и навредување на политички противник. Нема труење на медиумскиот простор, туку – ВИСТИНА!

Мицкоски и криминалната група ВМРО и нивниот партнер од тендер коалицијата ЗНАМ не сакаат да одговараат.

Нека излезат и да им кажат на граѓаните на Македонија дека НЕ САКААТ ЕУ! Нека им ја кажат еднаш вистината, а не да лажат дека Преспанскиот договор не чини, да лажат дека ќе го вратат името и дека секогаш некој друг им е виновен.

Доста беа лагите на Мицкоски и неговата банда! Ние алиби нема да им дадеме.
Доаѓа време на вистина, правда и одговорност“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните продолжуваат да плаќаат

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarykniripgh1s9f9hlOtNG

Спасовски: Ребалансот е признание за промашените економски политики на Владата

Македонија | пред 6 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

„ВМРО се плаши од изборен резултат, затоа турка изборен грабеж“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

„Мицкоски ја централизира моќта - Владее сам во партијата, владее сам во државата“, велат од СДСМ

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања