Промени тема
Контакт

СДСМ Аеродром: Бруталното врсничко насилство бара итна одговорност и реакција на институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ Аеродром преку соопштение најостро го осуди случајот со врсничкото насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром, оценувајќи дека станува збор за сериозен пропуст на институциите во заштитата на децата.

Од партијата бараат Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници, но и да провери дали се точни информациите дека полициски службеници во Полициската станица Лисиче не постапиле по пријавата.

„Дали е точно дека пријавувачите биле вратени со образложение дека жртвата треба сама да го пријави насилството?“, прашуваат од СДСМ Аеродром.

— реклама —

Воедно, тие бараат одговори и од Општина Аеродром и од градоначалникот Дејан Митески за тоа какви мерки се преземени за спречување на врсничкото насилство.

— реклама —

„Каде се превентивните програми? Каде е соработката со училиштата, стручните служби и родителите? Што презела Општина Аеродром за спречување на врсничкото насилство, кое очигледно станува сè почеста појава?“, наведуваат од партијата.

СДСМ Аеродром повикува на координирана акција на сите надлежни институции, обезбедување психолошка поддршка за жртвата и изработка на конкретен план за превенција на врсничкото насилство во сите училишта на територијата на општината.

— реклама —

„Безбедноста на нашите деца мора да биде највисок приоритет на сите институции кои имаат надлежност во нивната заштита“, порачуваат од СДСМ Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања