Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ahmeti-grubi

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија.

— реклама —

Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме.

— реклама —

Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија.

— реклама —

Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања