Промени тема
Контакт

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче и наводно прикривање на случајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryemamj4jvkstp8sAUcI8

Претставничката на Комисијата за здравство на СДСМ, Елена Радеска, денеска побара одговорност од раководството на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, по случајот со починато новороденче на интензивна нега. Таа изјави дека постојат сомнежи за лекарска грешка и за обид случајот да биде скриен од јавноста.

„Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста“, изјави Радеска, додавајќи дека директорката на клиниката наводно се обидела да не го пријави случајот навреме.

Според информациите што ги презентираше, на родителите им било соопштено дека смртта била неизбежна, но внатрешни документи од Клиниката укажувале на поинакви околности. Таа посочи дека постојат писмени пријави од медицински персонал во кои се наведуваат сомнежи за пропусти во лекувањето.

— реклама —

Како што истакна Радеска, началничката на интензивна нега пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации, при што реинтубацијата на бебето траела 20 минути и во тој период било нанесено телесно оштетување што довело до смртен исход. Радеска рече дека родителите не биле информирани за сомнежите и дека за нив дознале преку медиуми и свиркачи.

— реклама —

Таа го постави прашањето за постапувањето на директорката на ГАК, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, наведувајќи дека и покрај тоа што била известена за наводните пропусти, два месеца не го информирала никого од надлежните институции.

„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството“, изјави Радеска, барајќи итна оставка на директорката и целосна независна истрага за случајот.

— реклама —

Таа порача дека одговорност треба да има за сите инволвирани, без оглед на позицијата, и дека случајот не е политичко, туку морално и професионално прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања