Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ бара оставка од Сања Божиновска по серијата скандали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4849

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство“, вели СДСМ.

— реклама —

„Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство.

Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и целото нејзино семејство има бугарско државјанство.

— реклама —

Криење факти и лажење на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички принципи во политиката. Граѓаните не може да веруваат во Божиновска и во она што го говори кога избра да не им ја каже вистината.

— реклама —

Божиновска не даде одговори ниту за информациите за долгот од 1 милион евра ниту за сомнителните бизнис зделки со „картелско здружување“.

Последните информации кои се уште СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана со нејзините претходни бизнис партнери.

— реклама —

Поради сите етички прекршоци СДСМ повикува на нејзина морална оставка и соодветна истрага од надлежните институции“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања