Промени тема
Контакт

СДСМ бара транспарентност од Мицкоски за најавените центри за податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ остро реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавените центри за податоци и неговите коментари за опозицијата, барајќи од Владата целосна транспарентност за проектите.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека Мицкоски, зборувајќи за „Фројд“ и однесувањето на опозицијата, се обидува да го сврти вниманието од прашањата што, според нив, остануваат без одговор во врска со инвестициите во центри за податоци.

— реклама —

СДСМ прашува која е мултинационалната компанија со која, како што изјавил Мицкоски, се водат преговори, какви се условите за инвестицијата, колкави количества електрична енергија и вода би се користеле, каде би се граделе центрите за податоци и под кои еколошки стандарди.

Од партијата оценуваат дека најавите за центри за податоци поврзани со вештачка интелигенција се претставуваат без доволно конкретни информации за јавноста.

— реклама —

„Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски“, порача СДСМ, барајќи од Владата да ги објави деталите за проектите и да обезбеди, како што велат, целосна транспарентност.

Од СДСМ дополнително прашуваат кој ќе гарантира дека реализацијата на ваквите инвестиции нема да создаде дополнителен товар за граѓаните во однос на користењето на електричната енергија, водата и државното земјиште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Македонија | пред 1 ден

media-library752h05roicf34cJytLV

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Македонија | пред 1 ден

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања