Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска обвини дека почетокот на примената на Шенгенскиот систем за влез и излез (EES) на границата со Грција ќе предизвика дополнителни потешкотии за македонските граѓани кои патуваат кон земјите од Европската Унија.

— реклама —

Од партијата тврдат дека граѓаните отсега ќе се соочуваат со подолги задржувања на граничните премини, како и со обврска за оставање биометриски податоци при влез во ЕУ.

Според СДСМ, ова не е само техничка промена, туку и последица на, како што наведуваат, политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Мицкоски изјави дека Македонија ќе чека со децении за членство во Европската Унија. Сега, благодарение на неговата политика, граѓаните ќе чекаат и со часови за да ја преминат границата“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека уште пред почетокот на туристичката сезона се забележуваат проблеми на граничните премини и обвинуваат дека државата се движи во насока на изолација наместо кон европска интеграција.

Во соопштението СДСМ упати критики и кон владејачката коалиција, тврдејќи дека функционерите уживаат привилегии кои не се достапни за обичните граѓани.

— реклама —

Од Владата засега нема реакција на обвинувањата изнесени од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања