Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Целосна негрижа и запоставени спортски игралишта, до толку ли Аеродром нема пари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library60met1kgqc6o8rUhfI8

Општината Аеродром од пример за развој на спортот и младите, денес е симбол за негрижа и запоставени спортски терени, обвинија преку соопштение од Социјалдемократски сојуз на Македонија.

— реклама —

Од партијата велат дека долгогодишната негрижа на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ довела до лоша состојба на игралиштата низ општината, каде, како што посочуваат, има искршени кошеви, голови без стативи, руинирани терени и нефункционално осветлување.

— реклама —

Како примери ги наведуваат спортскиот терен „Драган Топчиевски-Топче“, каде подолго време недостасуваат стаклени табли на кошевите, игралиштето на улицата „Владимир Комаров“, каде граѓаните сами се организирале за поправка на кошевите, како и терените кај градинката „Лале“ и кај „Јане Сандански“ број 100.

— реклама —

Од СДСМ реагираат и за состојбата во спортскиот центар „Марко Божиновски“ во населбата Ново Лисиче, за кој велат дека е видливо запоставен и покрај претходната реконструкција.

— реклама —

Партијата јавно го праша градоначалникот Дејан Митески дали и кога ќе започне реконструкција на спортските игралишта, додавајќи дека младите и љубителите на спортот заслужуваат подобри услови за рекреација и спортски активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања