Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски без мерки – поскапо допрва доаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Glavna-fotka-1

Цените на храната во Македонија и понатаму растат а Владата на Мицкоски не презиме никави мерки, вели СДСМ.

„Чекањето е директен удар врз стандардот на граѓаните кои едвај врзвуваат крај со крај.

— реклама —

Секое одење во маркет е нов удар врз семејниот буџет. Лебот поскапува, цените на зејтинот, млекото, јајцата, овошјето и зеленчукот веќе се зголемени, а платите не го следат тој раст.

Во вакви услови, секоја одговорна влада би презела итни мерки – би интервенирала за стабилизација на цените, би ги заштитила граѓаните и би го зајакнала домашното производство.

— реклама —

Но Владата на Христијан Мицкоски не прави ништо.

Високите цени на светските берзи на нафтата најавуваат дека поскапувања допрва ќе има.

Секое одложување значи нови поскапувања, поголема сиромаштија и дополнителен удар врз стандардот.

— реклама —

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави дека на глобално ниво цените на храната растат втор месец по ред и дека индексот на житарките е зголемен и до 5%.

Македонија е увозно зависна земја и не ги покрива во целост потребите од сопствено производство. Тоа значи дека нов бран поскапувања е неминовен.

— реклама —

СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард и стабилизација на цените.

Празните џеботи на граѓаните и празните фрижидери не може да чекаат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања