Промени тема
Контакт

СДСМ го прозва обвинителот за водата во Гостивар: Дали и Савески е на екскурзија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarypbljlq75q2ajbXJSh72

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“, прашуваат од опозициската СДСМ.

„Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?

Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата?

Тошковски сигурно исто ја следи - како стручњак за хиперхлорирање и испирање цевки.

А како тогаш со недели уверуваа дека водата е „технички исправна“?

Како граѓаните да ја користат за капење и миење кога во неа имало бактерии и вируси?

Како Мицкоски, Клековски и Тошковски да зборуваат за контрола, кога претходно рекоа дека водата може да се користи?

Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење.

Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни.

И сè уште нема ниту еден јавно објавен документ врз основа на кој дозволија користење на „техничка“ вода.

— реклама —

Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Отруена е и самата болница во Гостивар - пациентите се превезуваат во Тетово. И сè уште нема никој да одговара, ниту едно име од власта.

Ама знаеме кој даваше изјави дека водата може да се користи.

Знаеме кој дозволи да се користи вода која била загадена уште пред јавноста да дознае за труењето.

Имаме и изјава од Стојанче Ангелов дека има бактерии.

А Обвинителството?

Ало, Савески?

Дали сте на екскурзија?

Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски?

Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон. Граѓаните не можат.

— реклама —

Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО - почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски.

Можете ли да замислите како би се снашле во Корона -криза?

Народниот правобранител веќе отвори предмет.

Граѓаните чекаат.

А Обвинителството сè уште молчи. До кога“, се вели во соопштението од опозицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys5krkpvevill0XD4AaW

(Видео) Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ направи пустош во земјоделството, пчеларството пред колапс

Македонија | пред 17 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: „Дизелот поскапува за 6 денари, граѓаните повторно плаќаат за неспособноста на власта“

Македонија | пред 20 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања