Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра, кога министерката Кочовска ќе ни објасни на нас и на граѓаните?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ обвини дека министерката за финансии Гордана Кочовска избегнала јавна дебата за состојбата на државниот буџет и јавниот долг, откако претходно самата ги повикала на средба.

— реклама —

Од партијата велат дека веднаш ја прифатиле поканата, но побарале разговорот да се одржи јавно, пред камерите и пред граѓаните, за да се презентираат фактите и бројките поврзани со државните финансии.

„Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, ‘убаво да ги објасниме работите’. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен. И потоа избега. Ниту вчера ја немаше во Собранието“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија тврдат дека Владата за две години ја задолжила државата за околу 2,5 милијарди евра и посочуваат дека јавниот долг пораснал од околу 8,5 милијарди евра на над 11 милијарди евра.

— реклама —

Според СДСМ, новите задолжувања не донеле повисоки плати, подобар животен стандард, нови мерки против поскапувањата или поголема поддршка за земјоделците.

„Граѓаните се посиромашни, цените растат, субвенциите се намалени, а земјоделството е пред колапс. Затоа прашуваме каде завршија овие пари“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата обвинуваат дека средствата завршиле во, како што наведуваат, „криминални тендери и луксузи на власта“, оценувајќи дека токму поради тоа министерката избегнува јавна расправа за финансиската состојба во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања