Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Економијата под Мицкоски е во слободен пад: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ преку соопштение обвини дека економските показатели во земјава бележат влошување, оценувајќи дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнува ветувањата за економски развој.

— реклама —

Од партијата тврдат дека странските директни инвестиции во 2025 година се намалиле за 61 отсто, односно од 1,2 милијарди евра во 2024 година на 468 милиони евра во 2025 година, што, според нив, претставува еден од најслабите резултати во регионот.

— реклама —

СДСМ посочува и дека индустриското производство во првите пет месеци од 2026 година е намалено за 0,3 отсто, додека во мај е регистриран пад од два отсто. Според партијата, негативни резултати бележат преработувачката индустрија, производството на електрична опрема, машини и моторни возила.

Во партиското соопштение се наведува дека потрошувачката кошничка во изминатите две години поскапела за околу 10.000 денари, а Владата, како што тврдат, не презела навремени мерки за ограничување на растот на цените.

— реклама —

СДСМ оценува дека инфлацијата и натаму останува висока, особено кај храната и енергијата, што, според нив, дополнително го намалува животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Од партијата обвинуваат дека наместо нови инвестиции и отворање работни места, државата се соочува со раст на долговите и, како што наведуваат, нетранспарентно трошење на јавните средства. Според СДСМ, економските резултати се спротивни на владините тврдења за напредок и економски раст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања