Промени тема
Контакт

СДСМ испрати писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во име на партијата упатил писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, во кои се изразува загриженост за состојбите со владеењето на правото и поделбата на власта во државата.

Во писмата се посочува дека подолг период постојат индиции за нарушување на демократските принципи, при што се наведува дека извршната власт влијае врз независноста на судството и дека тоа, според партијата, укажува на тенденции на авторитарно делување.

— реклама —

Се реферира и на изјави на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со можни идни постапки против поранешни функционери, кои СДСМ ги толкува како најава за политички прогон и притисок врз опозицијата.

Во писмата се наведува дека ваквиот пристап претставува ризик за демократскиот плурализам и може да влијае врз независноста на институциите, особено обвинителството и судството.

— реклама —

СДСМ оценува дека со ваквите процеси се нарушува довербата во правниот систем и се бара реакција од европските институции.

— реклама —

Партијата останува на ставот дека ќе продолжи да се залага за европскиот пат на државата, владеењето на правото и заштита на демократските стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 12 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 17 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања